Изложба за стартот на Преспанскиот јаблокобер

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, сместен во познатиот ресенски Сарај, вчера беше отворена четвртата изложба на уметници од Преспа, со која беше означен почетокот на годинешниот „Преспански јаболкобер“.

izlozba_prespanski_umetnici

Во делата на 28 уметници од различни генерации и со различни стилови на сликање посетителите можат да препознаат многу од колоритите на Преспа и да уживаат во прекрасните анализи на карактерите на преспанските жители доловени со четката на нивните сограѓани. Меѓу најпознатите автори претставени на изложбата е и митрополитот Европски, отец Пимен.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски, кој им се заблагодари на авторите и за разубавувањето на годинешниот Јаболкобер, и за трајното збогатување на ресенската културна ризница, со подарувањето на делата на Домот на културата „Драги Тозија“.

You May Also Like