Македонското знаме на врвот на библиската планина Арарат

Велешанецот Тоше Ѓорѓиев го освои Арарат, највисокиот врв на Турција. Ѓорѓиев го развеа македонското знаме на височина од 5.137 метри .


Ѓорѓиев беше единствениот Македонец во дванаесет члената експедиција, која четири дена се искачуваше до овој врв.

Арарат се наоѓа 16 км западно од Иран и 32 км јужно од Ерменија, а во Библијата е позната како местото каде што застанал бродот (арката) на Дедо Ное.

You May Also Like