Изложбата Елема Монохроматик од денеска и во Прага

Патувачката изложба Елема Монохроматик, колекција составена по повод 50 годишнината на македонскиот Фото-клуб Елема во 2012 година, денеска (1 февруари, сабота) ќе биде поставена во Прага, во еден неформален изложбен простор. Изложбата ќе може да се погледне во текот на месец Февруари.

elema_monochromatic_praga

Овие изложби се во организација на самиот клуб и партнери од Европа, инситуции и поединци, кои побарале изложбата да ја претстават во нивната галерија, град, држава. До сега изложбата била поставена во Марибор – во рамките на манифестацијата европски град на културата во 2012, во Сараево како настан кој го отвори фестивалот Право Људски и сега во Прага, во Literární kavárna, еден култен неформален излагачки простор.

You May Also Like