Меѓународен фестивал „Хид Бах Шен Фест“ во валандовско Чалакли

Денес се отвора меѓународниот фестивал „Хид Бах Шен Фест“ во валандовско село Чалакли …

chalakli festival

Во валандовското село Чалакли денеска свечено се отвора 23-тиот Меѓународен фестивал Пролетни веселби – „Хид Бах Шен Фест“- Чалакли.

На отворањето ќе се обратат претседателот на Фестивалот, Шенол Тахир и почесниот претседател Ирфан Насратиноглу.

Ќе настапат локални културно-уметнички друштва и фоклорни групи од регионот. Освен презентирање на турскиот фолклор и игри, на „Хид Бах Шен Фест“ ќе се одржи и Пеливанско борење, изложбa на старини и јуручка храна итн.

Манифестацијата се реализира во соработка со Сојузот на турските невладини организации во Македонија (Матуситеб). Фестивалот се организира со поддршка на министерствата за култура на Македонија и на Турција, Турската владина агенција за презентација, Агенцијата ТИКА и Агенцијата за Турците во дијаспората.

Со одлуката на Министерството за култура на Република Македонија, од 2003 година, манифестацијата „Хид Бах Шен Фест“ – Чалакли, е прогласена за републичка манифестација од посебен национален интерес.

You May Also Like