Македонски студенти на натпревар на НАСА

Македонски студенти на натпревар на НАСА за главната награда на интернационален натпревар во кој учествуваат екипи од над 100 земји ширум светот …

nasa studenti

Тим од пет македонски студенти се борат за главната награда на интернационален натпревар организиран од НАСА, во кој учествуваат екипи од над 100 земји ширум светот.

Станува збор за натпреварот НАСА Спејс Аппс Челинџ, кој оваа година беше организиран во Македонија по вторпат и предизвика голем интерес меѓу младите технолози, научници, програмери, дизајнери, претприемачи и студенти кои земаа учество во предизвикот.

Од вкупно 30 пријавени тимови од нашата земја, само два ќе имаат можност да се претстават на глобално ниво, а меѓу нив е тимот „DECAone“, кој е избран од страна на јавноста, во таканаречената Peoples Choice категорија.

Победничкиот тим ќе добие специјална привилегија да ги посети канцелариите и седиштето на НАСА во Америка, но исто така и да присуствува на историски момент на лансирање на ракета. Победата ќе биде и можност за работа со НАСА на големи проекти.

– Во овој момент ни е најпотребна поддршката затоа што само доколку добиеме најмногу гласови ќе можеме да го посетиме седиштето на НАСА во Америка и да бидеме сведоци на лансирање на ракета во живо. Ова претставува голем успех за нас младите, но исто така и за нашата земја, затоа што докажуваме дека и Македонија има многу талентирани млади инженери и научници кои можат да работат на предизвиците на НАСА, изјави Јован Андонов, член на тимот кој ја претставува Македонија на овој интернационален натпревар.

За поддршка на македонскиот тим на интернационалиот натпревар на НАСА, кликнете на следниот линк (http://bit.ly/1pM6Lom) и споделете го гласот преку социјалната мрежа Твитер. Бројот на гласови не е ограничен, а гласањето трае до 5 мај.

You May Also Like