Актерот Мето Јовановски е избран за претседател на меѓународното стручно жири за претстојниот интернационален фестивал на монодрама што од 24 до 28 април ќе се одржи во Битола.
Освен Јовановски, во жирито ќе членуваат Соња Михајлова, Нина Мазур, Марцин Боткиевиц и Вјацеслав Терешченко, а селектор на фестивалот е битолскиот актер Петар Мирчевски.
Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола кој годинава одбележува 15 години постоење, ќе биде отворен со театарската претстава на МНТ-Скопје „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во режија на Слободан Унковски, а ќе биде затворен со претставата „Женидба“ во изведба на Театар Комедија од Скопје.