Методот на Масару Ибука

Моцарт го свири својот прв концерт на 3 години. На иста возраст, идниот англиски филозоф и економист Џон Стјуард Мил чита класична литература на латински, без пречки. Физичарот Лев Давидович Ландау на 14 години е студент, и истовремено учи на 2 факултети…


Генијалците паѓаат од небото – вели Дени Дидро. Надареноста на детето е резултат на насочени вежби на родителите и добра околина – вели Масару Ибука.

Масару Ибука, смета дека децата имаат способност да научат се’ сами, доколку им е интересно. На две, три години тие можат да усвојат такви знаења, што како повозрасни на пример би им биле тешки за учење.Тоа што возрасните го учат со труд, децата го учат преку игра. Возрасните учат мрзеливо и без интерес, децата пак се готови секогаш да учат, само доколу им е интересно. Ние мислиме дека знаеме се за децата, но вистината е дека, не знаеме ништо за нивните можности.

Одделуваме многу време за прашањата што ќе учат, во која градинка и сл… Но според современите истражувања, во таа возраст развојот на клетките на главниот мозок е завршен околу 70-80%. Дали тоа не значи, дека треба да се сконцентираме на раниот развој на детето – под 3 год. Во својата книга „после три е веќе касно“, Ибука дели корисни совети. Интересот кон раниот детски развој не е случаен. Синот му е аутист и сериозно изостанал во развојот, затоа Ибука, посветува голем дел од својот живот за изучување на различни програми, кои корегираат.

Интересни факти

Масару Ибука (1908-1997)
Во мај 1946 г. Масару Ибука и Акио Морита ја создаваат фримата  “Токио цусин когио”…Која ќе стане иден светски познат бренд, Сони. Интересно е што на самиот почеток, компанијата нема никакви искусни бизнисмени.

Најраните години од животот на детето се најважни.

Родителите мислат дека не се толку важни или се безсмислени. Впечатоците од раното детство го определуваат понатамошниот развој на мислите и активностите на детето.

Образованието од најмали години, не бара ниту дополнително време, ниту многу средства. Според Ибука, детето ќе биде бескорисен човек, ако вие самите не го воспитате. Едена од дупките во која често паѓаат мајките е сомоувереноста. Мајката, водена од своите најдобри намери, може несвесно да се претвори во диктатор, со што постојано ќе ја налага својата волја над детето. Таткото може да го направи детето гениј, но само Мајката може да го направи подобар човек. Ете зошто е важно мајчиното воспитување од најрана детска возраст. Во првите години од животот на детето, мајката треба да посвети посебно внимание на одгледувањето. За жал, колку повеќе се тревожат родителите околу воспитувањето на детето, толку повеќе се повлијаени од различните методи. Мајките треба да ги познаваат различните методологии и да направат свесен избор. Менувањето од една на друга, може да му штети на детето.

Пред да започнете со детето, погледнете се прво себе си. Кога родителите се плачат дека нивното дете е непослушно, Масару Ибука тврди, дека тие самите се виновни за тоа. Нека вашето дете биде подобро од вас. Нека ученикот го надмине својот учител, инаку прогресот е невозможен. Класичниот систем на образование, посветува големо внимание на оценки и тестови, но ја игнорира довербата во луѓето. Затоа е добро, таа вредност да се воспита од најмала возраст. Зошто колку и да е паметно детето, ако тоа не верува во општеството, нема да постигне многу во животот.

Совети на Масару Ибука, еден од основачите на „Сони“

1.Секое дете може да учи одлично, се зависи од методот на обука.
2.Раниот развој, не значи воспитување на генијалец.
3.Структурата на мозокот се формира до третата година.
4.Детето памети се’ што му е интересно.
5.Детето ја разбира полесно алгебрата, отколку аритметиката.
6.Дури и 5 месечно дете може да го препознае Бах.
7.6 месечно бебе, може да плива одлично.
8.Мозокот на детето може да собере неограничен број на информации.
9.Поважна е средината, а не гените.
10.Празната детска соба, е штетна за детето.
11.Врз детето влијание имаат сосема ситни нешта.
12.Не се плашете да спиете заедно со детето.
13.Детето може да прочита приказна, според илустрациите во книгата, сосема различна историја од таа која е напишана внатре.
14.Да го оставите вашето дете да го одгледува некој друг е ризично.
15.Почесто земјате го во раце.
16.Никогаш не игнорирајте го плачот на вашето дете.
17.Детскиот страв понекогаш се крие во такви предмети, за кои возрасните не се досетуваат.
18.Нервозата на родителите е заразна.
19.Дури и бебињата од неколку дена, осеќаат кога родителите се во конфликт.
20.Таткото треба почесто да му зборува на детето.
21.Присуството на Баба и Дедо, создава подобар стимул за развој на детето.
22.Злобата и зависта во детето, се одраз за слабоумни родители.
23.Не се потсмевајте на детето, во присуство на други луѓе.
24.Подобро е да го пофалиш детето, отколку да го караш.
25.Интересот е најдобар поттик.
26.Детето ги саката нештата што се римуваат.
27.Љубопитноста на детето е важен услов, да го запознае светот околу себе и е задолжителна за умствен и интелектуален развој.
28.Интересот на детето, треба да се провоцира.
29.Развивајте во детето интуиција-6 сетило.
30.Неправилната исхрана, создава лоши навики кои траа цел живот.
31.Детската фантазија ги развива неговите творечки способности.
32.Слушањето музика се одразува дури и на надворешниот изглед на детето.
33.Учењето на стихови ја тренира паметта.
34.Детето има свој поглед за хаос и ред.
35.Книгите не се само за читање, играчките само за игра.
36.За детето, работата и играта е едно и исто.
37.Физичките активности го развиваат интелектот.
38.Левата рака треба да се тренира, исто како десната.
39.Прошетките се многу корисни.
40.Колку порано се започне со спорт, толку подобри способности ќе развие детето.
41.Разговорите на детето со својата мајка, се многу важни за неговиот умствен развој.
42.Без перспектива за иднината, е невозможно правилно воспитување.
43.Нема ништо поважно на овој свет, од воспитувањето на детето.
44.Пред да се воспита едно дете, треба да се воспитаат неговите родители.
45.За да го воспитате добро, прво воспитајте се себе си.
46.Учете од вашето дете.
47.Не правете ништо, против неговата волја.
48.Децата не се сопственост на родителите.
49.Нека детето биде подобро од вас.
50.Недовербата на мајката, е штетна за детето.
51.За децата „тешко“ и „лесно“ не постојат како поими.
52.Многу навики неможат да се придобијат, ако не се усвоени во детството.
53.Можете да го развиете слухот на детето, со нарушен слух.
54.Дете кои има татко интелектуалец, незначи дека ќе биде паметно.
55.Предоцна е ако воспитувањето на детето, започне дури со детската градинка.

Л.Ѓ.

 

You May Also Like