Почина актерката на Турскиот театар, Перихан Туна Ејупи

По тешко боледување, на 59-годишна возраст почина доајенот на Турскиот театар, актерката Перихан Туна Ејупи.

perihan puna ejupi

Од 1972 година Перихан Туна Ејупи е член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде има одиграно голем број улоги. Таа ќе биде запаметена по многу успешно одиграни улоги, како Коштана, Зона Замфирова, Инџи и Мехтап во „Женички“, Рабија во „Дневник на стравот“, Агафија Тихоновна во „Женидба“, Клодија во „Тетовирани души“…

Добитник е на наградата за најдобро актерско остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во 1997 година, а во 2005 година е прогласена за актер на годината. Со години настапуваше на манифестацијата „Актерите пеат“.

Во Театар Комедија утре во 10:30 часот ќе се одржи комеморативна седница, а погребот ќе биде на гробиштата Бутел.

You May Also Like