Изложба „Збогум инфинитив“ во Домот на Културата во Илинден

Во рамките на посетата на делегацијата на Општина Решатари на Општина Илинден, во Домот на култура „Илинден“ беше отворена изложбата „Збогум инфинитив“ на академскиот сликар Дубравко Наумов.

 

На изложбата покрај градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, делегацијата од Хрватска предводена од градоначалникот на Општина Решетари, Златко Ага, заменик амбасадорот во хрватската амбасада во Република Македонија, д-р Стјепан Глас, бискуп монсињор Антун Циримотиќ,  присуствуваа голем број љубители на уметноста, а меѓу нив и членови на Хрватската заедница во Македонија.

Со пигодна реч за авторот и неговите дела изложбата ја отвори Антоанета Штефанчиќ. Изложбата досега била поставена во Брисел, Париз и во рамкте на Скопско лето и Охридско лето, а проектот опфаќа 15 дела изработени на акварелна хартија во комбинирана техника-цртеж, туш, пастел и акрили.

 

You May Also Like