Маџиров и Етернијан во антологијата „Вавилонска матрица“

Избрани песни од македонските поети Никола Маџиров и Јовица Тасевски – Етернијан, деновиве беа објавени во антологијата на европската литература „Вавилонска матрица“.

Станува збор за европски повеќејазичен проект што го реализира издавачката куќа „Типотекс“ од Будимпешта, во соработка со Европскиот совет на асоцијации на книжевните преведувачи, неколку европски универзитети, институти и други партнерски организации. Во антологијата се објавени дела од најзначајните европски писатели, преведени на дваесет и седум јазици. Објавувањето на антологијата е поддржано од Европската Унија.

Во антологијата „Вавилонска матрица“ се текстови од нашите автори на македонски јазик и препевите на нивната поезија на повеќе јазици.

You May Also Like