Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе гостува во Њујорк каде ќе ја изведе претставата „Хенри Шести“, од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел.
Актерите ќе настапат на престижна сцена во Њујорк за што се водат завршни преговори.Гостувањето е со финансиска поддршка на Министерството за култура и е составен дел на годишната програма за остварување на националниот интерес во културата.
Битолскиот театар со истата претстава гостуваше и во Лондон каде предизвика голем интерес кај тамошната културна јавност.