Утре (четврток, 27 декември) во галерија „Остен“ во 12:00 часот ќе се отвори годишната изложба на македонските карикатуристи.
Во исто време ќе се отвори и изложбата на карикатуристот Мирослав Георгиевски Миро “Еротски карикатури“.
„Остен“ , како препознатлив бренд во областа на карикатурата ја одржува традицијата на организирање на годишна изложба на македонските карикатуристи.