Театарот за деца и младинци ја освои наградата за колективна актерска игра на 16-иот Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“ во Крагуевац …
Македонскиот театар гостуваше во Крагуевац со претставата „Бескрајни соништа“ која минатата година освои награда за оргиналност и фантазија на фестивал во Суботица.
Во претставата играат Татјана П. Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Марија Ѓорѓијовска, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски и Ненад Митевски.
– Со оваа награда Македонија уште еднаш покажа дека го има еден од најквалитетните детско-куклени театри во регионот и пошироко, се наведува во денешното соопштение од Театарот за деца и младинци.
