Квартетот Саксофонквадрат вечерва во Музеј на град Скопје

Вечерва, (сабота, 24 март) со почеток во 20:00 часот, во Музејот на град Скопје, во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2012“, концерт ќе одржи квартетот саксофони Саксофонквадрат од Германија. Ансамблот го сочинуваат Клеменс Хофман – сопран саксофон, Клеменс Арндт – алт саксофон, Кристијан Рааке – тенор саксофон и Хинрих Беерман – баритон саксофон.

Програмата вклучува дела на млади македонски композитори, меѓу кои: Саксофон квартетот бр.2 на Панде Шахов (делови: Урбани дождови, Ноември и Оро), композицијата „Канон“ на авторката Бојана Петровиќ, како и премиерна изведба на делото „Суита“ на композиторот Дамјан Темков. Останатиот дел од програмата го сочинуваат: „Синфониета“ бр. 1 и “Chaser” на еден од членовите на квартетот, Кристијан Рааке, композицијата “Short and Skittish” на Лора Јурд, како и “Earth Waiting” и “Manuscript” на композиторот Мартин Рид.

Звукот со кој САКСОФОНКВАДРАТ веќе со години се претставува на многубројните концертни подиуми е посебен. Музичарите ги здружуваат своите афинитети и разностраните импулси од сопственото опкружување кон истовремено шарени и конзистентни програми. Така, тие го комбинираат старото со новото, своето со подалечното, бојата со ритамот, замисленоста со радоста. Љубопитната потрага по репертоар и изведувачката пракса ги поставуваат пронајдените стандарди во позадината. САКСОФОНКВАДРАТ со полна радост се ориентирааат и во слободните простори на импровизацијата.

You May Also Like