Започнуваат Струшките вечери на поезијата

Денеска (четврток, 23 август, 2012 година) во Струга започнуваат 51 Струшки вечери на поезијата. Градот на Миладиновци и на поезијата, годинава ќе пречека околу 60 поети од различни меридијани.

 

Стартот на најстарата поетска манифестација е традиционално со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте и традиционалното читање на песната „Т’ га за југ“ вечер пред Домот на поезијата.

На годинешното издание на СВП ќе присуствуваат 60-тина странски и исто толку домашни поети, односно гости од Азербејџан, Франција, Индија, Куба, Ирак, Грција, Куба, Сирија, Мароко.

Инаку добитникот на Златниот венец Монгани Вали Сероте, кој веќе е во Струга, важи не само за истакнат поет туку и политички активист кој за време на апартхејдот бил изложуван на многу репресии, бил затворан и таа негова борба се отсликува во неговата поезија.

Наградата „Стојан Христов“ што Агенцијата за ислеништво ја додрелува  за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик од поет-иселеник годинава ја доби Ивица Челиковиќ кој живее во Шведска. Челиковиќ ја добива наградата за неговата книга „Праг и огледало“.

You May Also Like