По одгласите од премиерата во центарот на „шекспиријанството“ „Глоуб театар“ на театарската олимпијада во Лондон, одличната премиера во Битола, одигрувањето на театарската претстава „Хенри Шести“ на неделата на Битолски театар во Скопје, претставата оваа недела, на сцената на матичниот театар игра дури два пати – во вторник и среда (9 и 10 октомври, 2012) од 20:00 часот.
Драмата се осврнува на настаните за време на таканаречената „Војна на Розите“, војна меѓу династиите во Англија од 1450 до 1485 година.
Третиот дел од „Хенри Шести“ се фокусира на ужасите и конфликтите во ситуацијата кога политичките и лични амбиции ја фрлаат еднаш средената нација во безредие и варварство при што семејствата се распаѓаат, а моралните норми сурово се газат во потрага по одмазда и моќ.
За третиот дел од претставата „Хенри Шести“ од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел, преку која првпат се слушна македонскиот јазик во лондонски „Глоуб“, Битолски театар доби многу позитивни критики во британските медиуми
„Хенри VI“ е работена според делото на Вилијам Шекспир, а во режија на Џон Блондел. Во неа играат: Соња Михајлова, Борис Чоревски, Петар Горко, Иван Јерчиќ, Петар Спировски, Огнен Дранговски, Мартин Мирчевски, Габриела Петрушевска, Николче Пројчевски, Васко Мавровски, Валентина Грамосли, Филип Мирчевски, Кристина Христова Николова, Митко Ивановски.