Во Австралија е во тек „Македонскиот филмски фестивал 2012“ кој беше отворен на 21 септември во Мелбурн со австралиската премиера на „Мајки“ на Милчо Манчевски.
Пред австралиската публика ќе бидат прикажани „Мајки“, „Панкот не е мртов“, краткиот „Епизодист“, документарните „Девојчето со кибритчињата“ и „Escaping the War“ на Бен Кумановски. Фестивалот во Австралија се одвива низ 5 града во различни периоди: Мелбурн (21-30 септември), Њукасл (6 октомври), Перт (6 октомври), Оукленд (13-14 октомври), Сиднеј (24-25 ноември).
Фестивалот има за цел да ги промовира уметничките и културните вредности на македонската кинематографија.