Македонски филмови во Словенија

Од 9 – 13 октомври во Кинотеката на Словенија беше одржана ретроспектива на македонскиот филм. Манифестацијата беше организирана од страна на Македонската кинотека, а со поддршка на Македонската амбасада во Словенија, како и Здружението на Македонци во Словенија.

На ретроспективата беа прикажани 7 филмови: „Панкот не е мртов“, „Среќна нова 49“, „ЈАД“, „Големата вода“, „Како убив светец“, „Илузија“ „Војната заврши“, а исто така на свеченото отворање беше прикажана и селекцијата на филмови од Фестивалот „Браќа Манаки“.

Отворањето на ретроспективата беше со филмот „Панкот не е мртов“, а на проекцијата присуствуваше и режисерот Владимир Блажевски и продуцентот на филмот Дарко Попов. Владимир Блажевски изјави дека му е особено мило што неговиот филм ќе се прикажува во Љубљана и дека со тоа се затвора еден круг, затоа што панк сцената во Љубљана беше една од највлијателните во бившата заедница.

Циклусот помина со особено внимание кај словенечката публика затоа што имаа ретка можност да видат што се случува во полето на кинематографијата во Македонија, а и да ги споредат постарите филмски дела со оние од поновата продукција.

You May Also Like