Македонски уметници изложуваат во Велико Трново

„Конекција 2“ е називот на изложбата на македонските уметници со која ќе се претстават во бугарското Велико Трново …

PLAKAT_mk

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер во 19 часот во Центарот за култура и уметност и галеријата „Таралеж” во Велико Трново ќе отвори изложба со наслов „Конекција 2“. Изложбата е продолжение на концептот Конекција, со кој пред две години во Македонскиот културен центар во Софија се претставија студенти и магистранти од Македонија, кои студираа на академиите за ликовни уметности во соседна Бугарија.

На изложбата во Велико Трново со свои дела ќе се претстават ликовните уметници Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Зоран Георгиев од Гевгелија, Соња Димитрова и Иво Пецов од Виница, Горан Тричковски од Делчево и Иван Стоименов од Скопје. Ќе бидат претставени дела во различни техники: графики, акрил, масло на платно, скулптури, инсталации, творби од текстил.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија. Изложбата ќе ја отвори директорот на македонскиот КИЦ во Софија Васко Шутаров, а овој концепт на ликовни изложби ќе продолжи наесен и во други градови во Бугарија.

You May Also Like