Во неделата на 29 јуни 2014 година, во вечерните часови во Паркот Македонија на булеварот Теодосиј Гологанов, дежурните работници на ЈП„Паркови и зеленило“ констатирале големи оштетувања на цветната фигура паун.
Од цветната фигура, односно од делот на опашката на паунот, бил украден цветниот расад, а исто така недостигала и земјата во којашто беа засадени цвеќињата.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во текот на вчерашниот ден ги пополнија празните места со земја, а во наредниве денови ќе засадат нови цвеќиња.
Градот Скопје повторно апелира до граѓаните да не ги оштетуваат цветните фигури и да не ги уништуваат цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот .