Фестивалот е со меѓународен предзнак, а организатори се Валерио Орлиќ, Ерние Гиганте Дешковиќ и Васил Тоциновски.
На меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ што ќе се одржи од 6 – 9 ноември во Риека, Хрватска ќеучествуваат македонските поети: Мерсиха Исмајлоска, Петко Шипинкаровски и Марина Мијаковска.
На 6 ноември, во 19:10 часот ќе се одржи промоција на поетскат акнига – двојазичник „Од еден на друг брег“/„Од једне до друге обале“ што неодамна ја објави Здружението за литература, култура и наука „Бран“ одСтруга, заеднички проект со Хрватското книжевно друштво од Риека. Во книгата подеднакво застапени се по 14 автори на македонски и хрватски јазик од охридско-струшката и риечката ривиера.
Во 20 часот ќе се одржи претставување и промоција на Марина Мијаковска и книгата „Куќички“ што е во издание на „Бран“, а е добитник на наградата „Крсте Чачански“ за 2014 година.
На 07 ноември на фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ (Есеи)на Петко Шипинкаровски и на книгата раскази„Новаприказна“ на Мерсиха Исмајлоска. Промотор ќе бидем-р Марина Мијаковска, а издавач е „Бран“ од Струга.
Според фестивалската програма, предвидено е македонските поети да се претстават и со дел од своето творештво – поезија на поетските читања што ќе се одржуваат во Риека и Опатија.