На кино репертоарот во Центарот за култура “Григор Прличев“-Охрид на 27.07.2012 (петок) и 28.07.2012 (сабота) со почеток во 20:00 часот ќе се прикажува македонскиот филм „Максим“- синоним и начин да се соочиме со дулизмот на свеста, каде подсвеста и судбината се носители на приказната во филмот – алтер его.
Динамичен и брз, во филмот се преплетуваат различни локации, карактери и јазици. Приказната во филмот раскажува за дете по име Максим, кое подлегнува на љубопитноста и заглавува со порок што го прогонува низ остатокот на животот, дрога која негативно се рефлектира во неговата ДНК (ликот на демонот) и неслучајно секогаш го попречува патот на главниот херој.
Претставен во Арт фикција со доза на црн хумор “Максим” се доживува како апстрактен и динамичен драма трилер прераскажан од зборовите на режисерот а воедно и главниот лик Максим . Филмот има три клучни локации на дејствието – Македонија, Бугарија и Индија.
Главни улоги : Кирил Трајковски, Маја Трајковска, Антонио Димитриевски, Оник Саркисјан, Пламен Славов, Иван Иванов, Васил Шишков, Иан Росарио, Александра Хонг, Љубомир Грбев и др. Како специјални гости во филмот се појавуваат и популарните Македонски хип-хоп артисти: Слаткаристика и Тони Зен.
Изработен е од Мајаки Брадерс продукција во соработка со Токсикологија Подвижни Слики и Протеус, за монтажата се погрижи Огнен Шапковски, музиката е на Скит Скитара, анимацијата на Вања Шереметковски, а дизајнот на тимот од Вижн Мејт.
Официјалната кино премиера беше на 11 мај 2012 година во кино „Рамстор“.
http://www.facebook.com/pages/НУ-Центар-за-култура-Григор-Прличев-Охрид