Работилница за дигитализација на архивите

Во рамките на проектот „Меморијата на Балканот“, ИНА, во соработка со Југословенска кинотека, од денеска (вторник, 16 април) до 18 април 2013 година, во Белград ќе организира семинар за дигитализацијата на архивите и менаџмент на дигиталните медиуми.

Овој тридневен Семинар ќе се фокусира на дигитализацијата и методологиите на чувањето, преку најдобрите практики и конкретни примери. Филмски, видео и аудио формати: како да се организира и да се воспостави планот за чувување и дигитализација? Кој е соодветниот избор на форматите на дигитални медиуми и нивното чување, како и нивната безбедност и миграцијата?

На семинарот ќе учествуваат триесетина професионалци од аудиовизуелните архиви од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија. Покрај теоретски курсеви и дебати, предводени од специјалисти во соодветната област, ќе бидат организирани и посети на аудиовизуелните архиви на Југословенска Кинтоека и на РТВ Србија.

Проектот „Меморија на Балканот“ е проект финансиран од Европската унија и предводен од француската организација Ina EXPERT, во партнерство со хрватскиот аудиовизуелни центар, Националниот филмски архив на Албанија и COPEAM.

You May Also Like