Денеска (20 септември 2014 година, сабота) во 12:00 часот, во паркот на Општина Ѓорче Петров, веднаш до кружниот тек на улицата „Ѓорче Петров“, ќе настапи Градскиот дувачки оркестар при МКЦ.
Градскиот дувачки оркестар ќе настапи по повод Денот на Општината Ѓорче Петров, а програмата ќе биде составена од популарни светски евергрин мелодии.
