Во драматичен меч, одлучен по последните секунди, Македонија го обезбеди својот пласман во вториот круг. Ја совладавме Финска со 72:70 во инфаркт меч.
Македонија во секоја четвртина успеваше да се одлепи, на моменти и над десет поени разлика, но Финците успеваа секогаш на крајот на четвртината да излезат како победници.
Првата и втората ги добија со еден, а третата со два поенти разлика. Сепак успеавме да се соземеме, последната четвртина да ја добиеме со 6 поени разлика, и со два разлика да го доведеме мечот во наша полза.
Како и на останатите натпревари, повторно лидер на теренот беше Лестер Бо МекКејлеб, кој иако истоштен и со неколку ситни повреди, успеа да ги држи конците во свои раце. Изненадувањето овој пак беше Војдан Стојановски. На претходните три меча воглавно одработуваше во одбраната, денес со своите 16 поени, даде исклучително голем придонес за победата на македонскиот национален тим.
Честитки до сите кои се дел од македонската репрезентација. Да се надеваме дека со победа над Босна и Херцеговина утревечер, ќе го потврдиме првото место во групата, и со 4 поени ќе стартуваме во втората фаза.