Македонија ја прегази Грција

Македонија ја декласираше грчката селекција со 14 поени разлика, во мечот кој пред само неколку минути заврши.

Со фантастична игра на целиот тим, Македонија ја забележа втората победа со 72:58 во третиот дуел на Европското првенство во кошарка во Литванија.

Лестер Бо МекКејлеб беше јунакот кој ја носеше македонската селекција на крилата на победата. Со неговите 27 поени, беше многу полесно за сите останати кои изгинаа на секој дел од паркетот.

Чековски од клупата брилираше со своите скокови, но и трите тројки во клучните моменти. Сите придонесоа максимално: Илиевски го имаше преку целиот терен и ја контролираше играта, Антиќ беше бедем во одбраната, Гечевски ја даде стабилноста, Самарџиски покриваше под кошевите, а близнаците Стојановски ги неутрализираа грчките крилни играчи.

Македонија е на прав пат да оди понатаму и влезе помеѓу 12-те најуспешни, и да се обиде најмалку да го повтори 9-тото место од минатото првенство во Полска 2009 година.

Претстојуваат дуелите со Финска и Босна и Херцеговина, на кои очекуваме исто така, позитивен разултат за нашата национална селекција.

Напред Македонија, во срце те носиме!

You May Also Like