Утре (сабота, 3 септември 2011 година) со почеток во 21:00 часот, во просториите на битолската Магаза, веднаш до плоштадот Магнолија ќе биде претставена збирката поезија „Вечерно пеење – Ноќно бдеење“ од Роберт Михајловски, а како промотор се јавува Благој Шаклевски.
Се се случува во ноќните часови кога инспирацијата надоаѓа, кога сите рефлексии, размислувања за животот околу нас создаваат немир од кој се создава поезија и проза. Збирката поезија и проза на Роберт Михајловски третира современи, теми од Битола, а помалку и политички теми. Во вториот дел на книгата трагајќи по Искандар, барајќи го Руми, Михајловски вели: по фиктивни патеки одам на исток, барајќи го Александар, го откривам Руми чија поезија го освои целиот Источен и Западен. „Патнику! Жими верата ти имаш право да бидеш тажен; се плашам дека си ја продаде својата земја за да ги видиш земјите на другите луѓе, и откако се ќе видиш, да останеш со празни раце“ (Шекспир Вилијам „Како ви е мило“).
Михајловски вели: Навлегувајќи во Персиското царство, Александар стана легендарниот Искандар и ја прегази Анадолија победувајќи го царот Дариј III Кодоманус и неговите војски кај реката Граник, потоа го победи кај Ис и Гавгамела, заземајќи ја на крајот и престолнината Персеполис, како што е тоа добро опишано во стиховите на Милтоновиот „Вратен рај“.
Неговиот град го гледаш, а Бактрија таму е
Екбатана ги покажува нејзините огромни зданија,
а Екатонполис со неговите стотина порти.
Тука е Суза на Хоасп,со кладенец од амбра,
која само кралевите ја пијат…
Оваа книга со себе носи посебни моменти, часови на среќа, неизвесност, мигови на љубопитство кои читаелот не го оставаат да ја остави книгата која како и самиот наслов, започнува со вечерно пеење, но завршува со ноќно бдееење.
Роберт Михајловски во моментов живее во Мелбурн, Австралија. Во неговата досегашна работа за одбележување се повеќе организирани изложби на графики, а во Македонија изложувал во Битола и Скопје. Неговата прва книга е насловена како „Глас одвнатре“ и е издадена 1987, а книгата Вечерно пеење, ноќно бдеење е издадена 2010 година, но својата промоција ќе ја доживее во сабота во битолската Магаза. Промотор на книгата е Благој Шаклевски, а во неа покрај поезија и проза може да се најде и дел од ликовното творештво на Михајловски.