Проект: Вибрации за деца со оштетен слух

Безброј истражувања покажале дека вибрациите имаат ист ефект врз мозокот, како реалните звуци. Истите истражувања водат до заклучок, дека кога глувите деца или тие со оштетен слух, имаат допир со музиката уште од најрана возраст, таа ги стимулира нивните музички центри во мозокот, пишува „Гардијан“ во проектот „Почувствувај ја музиката“.

Во вој проект, музичари од орекстарот Mahler Chambler заедно со Норвешкиот пијанист Лиф Ове Андснес, се обидуваат да го отворат светот на музиката за деца кои имаат проблематичен слух. Проектот е дел од серијата концерти Bethoven Journey, кој треба да обиколи околу 40 земји во Европа, до 2015.

Дел од него, истражува како Бетовен го доживувал својот проблем со слухот. Неговиот проеблем се појавил кога бил на 20 години, а траел до крајот на неговиот живот кога останал наполно глув. Така кариерата на виртуоз-пијанист му пропаднала. Тоа пак го довело до работ на очајот и извршило влијание на сопствените композиции.

Андснес раскажува како кога Бетовен компонирал за пијано, тој бил под влијание на идејата да ги осети вибрациите, поради што компонирал многубројни ноти една после друга, користел високи и многу ниски тонови… токму таа техника се смета дека ја прави музиката на Бетовен многу покомуникативна за лицата со оштетен слух.

Гардијан раскажува за посетата на проектот „Почувствувај ја музиката“, во филхармонијата на Келн, кога група деца биле поканети да се опуштат покрај огромен оган, со рацете под телото, додека Андснес исполнува Концерт за пијано број 3 на Бетовен. Кога започнува бурната половина во вториот дел, сите деца ги ококориле очите. Некои посочиле кон инструмените, други трепереле од силата на вибрациите, кои минувале низ нивното тело. Чувството едно од нив подоцна го опишува со „брррррр“ , лизагајки со прстите по цело тело.

Многу ретко глувите деца имаат можност да работат со професионални музичари, уште поретко со цел оркестар, коментира Пол Витакер, наполно глув музичар, кој работи со Британската хуманитарна организација „Музиката и Глувите“. Тоа отвара еден нов свет за децата со оштетен слух, а исто ги тера и музичарите да мислат на тоа како тие ја разбираат музиката.Тој објаснува дека недостигот на нормален слух, не е пречка за создавање или осеќање на музиката.

Можеш да ја почувстуваш музиката на многу начини-преку вибрации, гестови, движење на тело, ритам и читање од нотна тетратка“ – вели глувиот музичар.

Едно 11 годишно глуво момче, вели дека кога чичкото пијанист натисне одредена клавиша од пијаното, таа почнува да вибрира и го тера неговото тело да трепери. Друго детенце со оштетен слух, пак се радува најмногу на тапаните, и секогаш кога ги слушне ги осеќа во стомакот. Дури го гушка контрабасот од кој исто се разнесуваат силни вибрации.

Мајката на осумгодишната Тереса, кој е со оштетен слух, откако претрпела инфекција на внатрешното увце, споделува дека одамна го осетила добриот ефект на терапијата со музика, врз менталните способности на ќерка и.

И дозволува да развие способност да разбере и се изрази правилно – таа точно знае кога музиката е радосна или тажна“ – дополнува таа.

Не само децата се под влијание од проектот. Една од учесничките во групата споделува, дека иако анасамблот го обиколува светот и свири со некои од најдобрите диригенти и солисти, тоа е еден од најдобрите проекти кој некогаш бил направен.Во проектот инаку е вклучена и прошетка на децата низ просториите на филхармонијата, како соблекувалната и собата за репетиција, машинското оделение, собата за диригенти и осветлување. На крај на концертот едно од момчињата станало исправено и почнало да мафта кон музикантите, а еден од нив насмеано му возвратил – ја завршува Гардијан својата статија.

Л. Ѓ.

You May Also Like