Во саботата (01.09.2012 година) се одржа Вториот интернационален конгрес на магионичари – Magic Con Skopje, NMAM & Friends во комплетна организација на Георги Гавровски – Mr.Gogo и „Новата македонска асоцијација на магионичари“.
За прв пат во историјата на Македонија се одржуваа натпревари во илузионизам, и тоа во три категории – сцена, магија од блиску и ектремна манипулација на карти. Најдобриот во магија од блиску беше Иван Секованиќ од Скопје – член на НМАМ и добитник на Гранд при во Ѓаково, Хрватска оваа година во мај месец и повторно докажа дека не се залудни лекциите од неговиот пријател и советник – претседателот на НМАМ – Георги Гавровски.
Второто место му припадна на Филип Ѓикиќ од Србија, а третото место исто отиде во рацете на член на НМАМ – Александар Ѓорѓевик, еден од првите и најважните луѓе што ја формираа НМАМ пред 2 и пол години. Настапот на сцена беше во знакот на натпреварувачите од Бугарија – Веселин Долмов 2 место, а Горан Митревски ја зеде третата награда.
Вечерта се заокружи со незаборавно шоу-спектакл за кои потпретседателот на балканската асоцијација Раде Пилиповиќ – Грифони изјави дека е повторно на најголемо светско ниво, а за организацијата и главниот организатор на настанот Мр.Гого кажа дека е без и една грешка, со давање важност на најситни детали и затоа заедно со своите колеги од интернационалното жири – Петер Василеев – Паоло (Бугарија), Зулбер Фетовски (Италија) и Борислав Борисов (Бугарија) решија ГРАНД ПРИ наградата на овој конгрес да го доделат на самиот организатор – Георги Гавровски – Мр.Гого.
„Kонечно после два конгреси каде што вратите беа затворени за пошироката јавност, следната година македонската јавност ќе може да присуствува на спектакл …каде, кога, зошто …сеуште е тајна …но ќе дознаете”, изјави Mr. Gogo.