Со поднаслов „Симон Трпчески величествено го изведе Пијано концертот на Григ“ еден од најпрестижните дневни весници во светот „Los Angeles Times“ ја донесува рецензијата на својот критичар Марк Свед за концертот во салата „Волт Дизни“ на кој нашиот пијанист беше солист на Филхармонискиот оркестар на Лос Анѓелес, предводен од диригентската палка на маестро Васили Петренко.
Истакнувајќи ја честaта соработка на овој тандем, рецензентот меѓу другото подвлекува: „младиот македонски пијанист беше грациозен и слаткоречив. Тој откри природно внатрешно изобилство од Григ преточено во мелодија. Неговиот тон беше дискретна убавина и го донесе Григ во мајсторска чистота што во ниту еден момент не беше вештачка или студена. “ – подвлекува Лос Анѓелес Тајмс.