Три детски сликовници од Виолета Наумовска синоќа (недела, 26 ноември) беа промовирани во салонот „Империјал 1“ во скопскиот Kултурно-информативен центар.
Во сликовниците „Оцко и Олеа“, „Облачето Оцко“ и „Нешто за Олеа“ главни ликови се двете облачиња. Делата ќе ги промовираат професорите Билјана Перчинкова и Живко Андреевски.