Литературен портрет на Радован Павловски во КИЦ Софија

Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија и ИД Макавеј од Скопје, вечерва (петок, 14 јуни) во 18:30 часот организираат литературен портрет на Радован Павловски во Софија.

Академик Павловски е еден од најголемите македонски поети, преведуван на 50 -на странски јазици, наградуван со бројни домашни и меѓународни награди и признанија. Во просториите на македонскиот културно-информативен Центар во Софија, негови домаќини ќе бидат директорот на Центарот Васко Шутаров и поетот Бранко Цветкоски.

За опусот на Радован Павловски ќе зборува и бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов, кој го направи последниот избор и превод на песни од Радован Павловски. Одбрани стихови ќе чита актерот Иван Калошев, а во програмата со свои авторски композиции инспирирани од делото на Павловски ќе се претстават Сара Костадиновска на харфа и Ива Христовска на гитара.

Литературниот портрет на Радован Павловски е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија и проект поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија

You May Also Like