Изложба на паноа со фотографии и документи на тема „Прогонувани, затворани и осудувани за самостојна Македонија“ ќе биде отворена денеска (вторник, 9 октомври, 2012 година) во 19:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
На изложбата ќе бидт претставени 60 паноа на кои се пренесени фотографии и документи од прогонуваните, затвораните и осудените лица и од нивните фамилии.
Изложбата Центарот ја организира во соработка со Здружението на политички затвореници од Македонија, а ќе ја отвори претседателот Никола Андонов.