Од денеска (сабота, 21 јуни) кај Паркот на езерата во Општина Аеродром ќе се одржува првиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина.
До 30 јуни на сцената во паркот на езерата, каде што влезот е слобден, а прикажувањата започнуваат од 21:00 часот, публиката ќе може да ги проследи следниве претстави:
1. ХАМЛЕТ ВО ПИКАНТЕН СОС од Алдо Николај во режија на Александра Кардалевска во продукција на Театар Комедија – 21.06.2014 год.
2. ХАМЛЕТ ВО ДОЛНА МРДУША од Иво Брешан во режија на Мустафа Надаревиќ во продукција на Народно позориште Тузла – 22.06.2014 год.
3. СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ од Бранислав Нушиќ во режија на Синиша Евтимов во продукција на Македонски народен театар – 23.06.2014 год.
4. БЕЗ ПАНИКА според „Паника” од Миха Милиахо во режија на Благој Мицевски во продукција на Народен театар Битола – 24.06.2014 год.
5. ПОДЗЕМНА КОМЕДИЈА од Христо Бојчев во режија на Деан Дамјановски во продукција на Народен театар Струмица „Антон Панов” – 25.06.2014 год.
6. СОЛУНСКИ ПАТРДИИ од Миле Попоски во режија на Коле Ангеловски во продукција на Драмски театар Скопје – 26.06.2014 год.
7. ПУКНА СРАМ од Душан Јанковиќ во режија на Милица Краљ во продукција на 10 fingers 10 ideas production – 27.06.2014 год.
8. МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Пројковски во продукција на Театар Комедија (ПРЕМИЕРА) – 30.06.2014 год (во чест на наградените)