Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата “ Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание.
На 22 ноември (сабота) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид концерт ќе одржи етно групата „Монистра“.
Сите членови на групат се музички образовани и имаат завршено Факултет за музичка уметност при универзитетот Св. “ Кирил и Методиј” во Скопје. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани , се со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации.
Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата “ Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.