Започна пријавувањето за „Новогодишните бои на Скопје“

Градот Скопје ја почна традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ во која што скопјани и годинава ќе може да се натпреваруваат за најкреативно новогодишно украсување на своите домови и работни простории.

Град Скопје
Град Скопје

Заинтересираните граѓани и правни субјекти што сакаат да учествуваат во акцијата можат да се пријават на телефонскиот број 02/3297 265  или 02/3297 380 од 9 до 16 часот, од 01 до 20 декември 2011 година.

Фотографии од украсените објекти, заедно со личните податоци за сопствениците, телефонскиот број и адресата, може да се испраќаат на интернет-адресата mediumi@skopje.gov.mk или на адреса: булевар Илинден бб, со назнака за манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“.

Годинава, традиционално ќе се избира:

Најубаво украсен двор од индивидуална станбена куќа;
Најубаво украсен прозорец или тераса од стан;
Најубаво украсен деловен објект (продавници, ресторани, кафулиња).
Најубаво украсен двор на средно училиште и

Жири-комисијата, којашто ќе ги посети пријавените објекти и ќе ги победниците, ќе биде составена од претставници на медиумите.

Град Скопје обезбеди награди што ќе им бидат доделени на најуспешните, а спонзорите ќе го зголемат наградниот фонд. И годинава, како и минатата, ЕВН Македонија ќе ги ослободи победниците во сите категории од плаќањето на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2011 година.

Наградите ќе ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со претставници од фирмите спонзори, на крајот на месец декември.

You May Also Like