Културно-ликовна манифестација „Винче 2013“

На 21.05.2013 год. (вторник) во манстирскиот комплекс “Св. Илија” во селото Виниче, во периодот од 9:00 – 13:00 ч. по осмипат ќе се одржи културно – ликовната манифестација “Виниче”.

На манифестацијата ќе учествуваат ученици од сите основни училишта од општина Гази Баба, членови на ликовните секции, како и ученици во музичкиот дел од ОУ „Наум Охридски“.

Учесниците во Манифестацијата во 12:00 ч. ќе ги посети Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

You May Also Like