Со изведување свадбни обичаи вечер почнува 41-то издание на културолошко-туристичка манифестација „Галичка свадба“ …
Годинава, „судбоносното да” ќе го кажат две невести, Ана Гаревска и Маргарита Ивановска, со своите избраници Иван Сариевски и Стефан Куковски. Тие годинава на посетителите ќе им престават триесетина свадбарски обичаи, ритуали, песни и ора, каректирстични за мијаците.
Манифестацијата ја продолжува традицијата на Петровденските галички свадби кога печалабарите традиционално се враќале на родните огништа. Според најавите, вечер во 19:30 часот, сватовите, облечени во галичка носија, и роднинини на младоженците, ќе го закитат бајракот и ќе почне свадбата.
Утре, свадбарските обичаи започнуваат со канење на мртвите, на кумот, бричење на зетот, на строј, земање на невестата, венчавање во црквата „Св. Петар и Павле”.
На патот кон Галичник утре ќе има посебен режим на движење на возила, а за посетителите ќе биде организиран и презоз со комбиња.