Играорците од Културно- уметничкото друштво „Јане Сандански“ од Неготино гостуваат во српскиот град Јагодина. На настапите тие изведуваат македонски фолклор од богатата македонска фолклорна ризница.
Неготинското друштво КУД „Јане Сандански“ постои повеќе од 33 години и во општествениот живот на градот, Македонија и светот има дадено огромен придонес во афирмирањето на македонската традиција и култура.