Промо видео за протестот на 8 септември

На 8 септември 2011 година, со почеток во 12:00 часот, по повод 20 години од независност на Република Македонија, покрај бројните свечености кои се организирани од страна на државата и нејзините институции, ќе се одржи и протест за зачувување на уставното име, организиран од група граѓани.

– Ова е протест за заштита на името на оваа држава за која гинеа нашите предци. Протест за прекин на преговорите за обезличување. Протест за заштита на правата за национална јазична и културна самоидентификација гарантирани од меѓународната конвенција за човекови права на Обединетите Нации, меѓународната конвенција за човекови права на Европската Унија и многу други меѓународни договори и организации кои го бранат основното човеково право на дигнитет и достоинство, велат организаторите на својата фејсбук страница посветена на протестот.

You May Also Like