Критична маса за враќање на количките на улиците

На 9 септември во 18:00 часот и на 10 септември во 19:30 часот Критична маса ја организира 3та рута за враќање на бебешките колички на улиците.

vrakanjeto_na_kolickite3_kriticna_masa

Точната рута се уште не се знае , но од Критична маса најавуваат: „Одморите поминаа, собрани сме и во градов верувам побројни од било кога!
Па да излеземе да не’ видат и со раздрмување на неколку ганглии кај возачите и градските власти, почнеме со остварување на нашите цели со крајна цел – побезбедно движење за нашите најмали низ градот!“ – велат од Критична маса за турата која има за цел да ја подигне свеста за безбедноста во сообраќајот на најмалите.

You May Also Like