Промоција на „Мојот мал прирачник за отпад“

Водени од мислата „Не сме доволно богати да го фрламе отпадот“ денеска (четврток, 4 април  2013 година) со почеток во 10:00 часот, во просториите на урбаната заедница Автокоманда, ке се одржи промоција на проектот и брошурата „Мојот мал прирачник на отпад“.

 

Во изминатите два месеци Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ работеше на проектот за анализирање на состојбите со управување со отпадот во Општина Гази Баба. Како крајна цел на проектот се изработи Прирачник со упатства за начините за најпаметно управување со отпадот на територија на општина Гази Баба.

You May Also Like