Крвавење во тенките црева причина за смртта на жирафата Орка

Силно воспаление со крвавење во тенките црева и во дванаесет-палачното црево во фаза на значително изумирање на клетките (некроза) е причина за ненадејната смрт на жирафата Орка, која беше атракција во скопската Зоолошка градина.

zoo-orka-zirafa3Воспалението го предизвикала хемолитична и патогена ешерихија коли во тој дел од дигестивниот тракт, е генералниот заклучок во обдукцискиот извештај на Факултетот за ветеринарна медицина кој денеска, десетина дена по угинувањето на жирафата, на прес-конференција го соопшти деканот Дине Митров.

Поради големина на животното, обдукцијата била извршена во живелиштето, а биле земени материјали за анализа. Неточни биле првичните информации во некои медиуми дека три и полгодишната Орка починала поради срцева мана, а рендгенските снимки покажале дека немала ниту скршеници и други физички повреди.

Станува збор за мнгогу јака воспалителна реакција со хеморагија, односно крвавење, се до фаза на изумирање на клетките кој го покриваат тој дел од гастро-интестиналниот тракт. Нема проблеми со мускулите, коските и со зглобовите, бидејќи во изминативе денови се шпекулираше дека имало повреди на ’рбетот, карлицата или вратот. Тоа е исклучено. Доказ за тоа се голем број рендгенограми, рече проф. д-р Митров.

Имало наоди и за бронхитис на белите дробови, како и некротични промени во бубрезите и на лимфните јазли кои се одговорни за одбранбениот систем на организмот.

Орка починала ненадејно и без симптоми кои би укажале на некаков проблем со нејзиното здравје. Директорката на Зоолошката градина Скопје Тања Стаменов рече дека се однесувала како и претходните денови, дури и на редовната визита на биолог и ветеринар утрото на 23 јануари кога угина.

Рече дека биле немоќни да и помогнат, еднаш успеале да ја реанимираат, но при второто нејзино паѓање исходот бил со трагични последици.

На новинарско прашање, деканот и ветеринар Митров одговори дека се можни фатални случаи без симптоми и дека се доволни и 12 часа до смртта кога има такво воспаление. Укажа и дека нема опасност за заразување на другите жирафи во живеалиштето на Зоолошката.

Одговорниот за односи со јавноста во Зоолошката, Дане Кузмановски рече дека по немилиот настан некои медиуми и здруженија за заштита на животните шпекулирале со причините за смртта, меѓу кои и дека Орка била нападната од други животни, повикувајќи се на анонимни извори во таа јавна установа.

Кузмановски смета дека со тоа е нарушен угледот на Зоолошката и побара тие јавно да го кажат изворот што ги информирал. Во спротивно, најави тој, вистината ќе ја бараат на суд.

You May Also Like