Нешта, кои денешните деца никогаш нема да ги доживеат

Голема е веројатноста дека децата родени денес, нема да носат часовник на рака, домашниот телефон ќе биде мит за нив, а возможно е дека нема да има потреба да пишуваат рачно…

Тоа се разбира нема да го направи нивниот живот посиромашен, но пак е повод, да направиме класифицирање на неколку нешта, кои денешните деца нема да ги доживеат.

Фото апартат со филм
Овие стари апарати, кои користат филм, ни се познати на сите. Ограничени на само 24 или 36 слики и со квалитет кој се дозанава дури кога сликата ќе биде извадена… Денес, фотографијата не е така возбудлива и ограничена. Дигиталните апарати, се бесконечен бел лист, со неограничен број слики, кои ако не ти се допаднат, може да ги избришеш со едно кликање.

Но, возбудата да ги добиеш новите слики, кои потоа, внимателно ќе ги подредиш во фото-албум, веќе ја нема. Точно е дека, го нема ни разочарувањето од наполно осветлен филм, со сите оштетени слики од летниот одмор, на пример …или матурската. Но, сега и покрај многуте слики што ги правиш, заборавени во многуте фолдери од компјутерот, кои ретко ги прелистуваш …Ти посегнуваш по стариот албум од хартија …Зошто тој секогаш ќе биде разгледуван со задоволство.

Вокмен
Не можеме а да не се сетиме и на времето, кога светот беше аналоген, а ние слушавме касети и носевме со гордост пренослив плеер во себе. Да имаш вокмен во тоа време, беше богатство. 🙂

Статичен телефон
Се сеќаваме добро на нив. Но на децата родени денес, ќе ни биде тешко дури да им објасниме за старите телефони, со кабел и тркало за вртење. За нас, тоа сепак ќе си остане еден мил спомен. Како се договаравме со пријателите, во колку часот ќе бидеме дома да се слушнеме. Како неуспешно се обидувавме да го пренесеме телефонот од ходникот, до дневната …дo својата соба или кујната, за да може да имаме малку приватност со другарчињата од училиште. Како чекавме двојникот најпосле да поклопи, за да може ние да свртиме… Сега мобилниот телефон е сместен во џебот на децата, спијат со него под перница, ретко го испуштаат од раце… приватност колку сакаш, но никој ја нема вистински.

Печатени книги
Ова е малку дискутабилно, зошто зависи од самите родители, дали детето ќе ја засака и познава, книгата во својот вистински облик. Но факт е дека, електронските книги се многу популарни. Особено меѓу младите. Едно е јасно, децата нема да имаат потреба да ги отворат речниците и енциклопедиите со кои ние сме пораснале. Оние, кои ги имаме прелистувано безброј пати, додека сме учеле јазик или сме пишувале домашни задачи. Денес се е многу брзо и лесно …со еден клик.

Можноста да се изгубиш
Деновите во кои, прашувавме за насоки, се минато. Денес имаме телефони со карти, GPS, интернет и уште многу други помагала, кои се измислени за да не се изгубиме. А понекогаш и не е толку лошо да се изгубиш, да скренеш од патот. Кога се губиш, има шанса да се најдеш на некое убаво место, кое инаку не би го дознал. Погрешната улица може да ве одведе до мало пазарче за плодови, каде ќе ги пробате најсочните јаболки кои некогаш сте ги гризнале…Но, денес децата ќе го пропуштат тоа, зошто ја знаат точната адреса од А до Ш.

А дали се сеќавате на вермето кога , паметните телеофни не беа наша реалност? Т.е на времето кога немаше никакви мобилни телефони? Имавме доста појасна представа за време. Денес не е проблем да закасниме на средба …звониме или праќаме смс, со кој најавуваме дека ќе задоцниме. Лесно, многу лесно.

15 до 7 …време за цртани
„Мамо, Тато…ќе почнат цртаните!“ …ви звучи познато нели? Тоа беа оние 30-тина минути на ден, посветени на нешто детско на телевизија. Ги чекавме со нетрпение, дури се случуваше да ги прекинеме игрите надвор, само за да ги гледаме. Сега постојат специјални канали за деца, на кои деноноќно се вртат цртани и детски филмови.

Има уште толку многу нешта кои можат да бидат вброени во оваа наша класација…како на пример празните дуќани, купувањето со бонови (денес продавниците се преполни со нездрави продукти, од најразлични видови)….и многу, многу други нешта, кои денешните деца, нема да ги преживеат.
Но пак ние, кои не сме ги заборавиле суште, е убаво да се сеќаваме на нив, дури да им ги раскажеме на децата…

Овие нешта, не беа пречка за нашето детство да биде убаво. Затоа и ќе се сеќаваме на нив…

Л.Ѓ.

You May Also Like