Според најново истражување на The Telegraph и Универзитетот Ворчестер, класичната „Божиќна песна“ на Чарлс Дикенс е книгата, која родителите би сакале нивните деца да ја прочитаат по секоја цена. Во истражувањето „Топ десет книги кои родителите мислат, дека децата треба да ги прочитаат“ викторијанската приказна собрала најмногу гласови – секој 5-ти родител, од вкупно 2000 анкетирани возрасни, ја посочил како фаворит.
Изборот не е за чудење, ако се знаат темите на обработка во самата книга. Еден од основните мотиви во приказната на Дикенс, ја засега потребата од тоа да бидеме добри, да даваме, да бидеме скромни.
Како основна вредност таа го издига семјството, а најважните работи што ги пренесува „Божиќната песна“ на Дикенс, се однесуваат на победата на духовното над материјалното.
Следни според анкетата се „Хари Потер“ на Џоан Роулинг, трилогијата „Господарот на прстените“ на Толкин, „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин, „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Карол, …
Интересно е што, најпопуларните книги кои се предаваат од колено на колено, се всушност оние со силни морални пораки, кодирани во себе си. Сите книги во децата провоцираат длабока размисла. Од ова се гледа, дека родителите сакаат на своите деца да им препорачаат книги, кои ќе им бидат предизвик за цел живот.
Подготвил: Лазар Ѓорѓиевски