Гевгелија се подготвува за Фестивалот БОШ

И оваа година, шести пат по ред,Од 22-24 август во Гевгелија ќе се одржи Фестивалот БОШ.

Print

Организаторите АРТ Еквилибрум најавуваат: „Ние веруваме дека во секој од нас постои еден мал универзум на добра воља и позитивни енергии. Извор на креативно себеспознание, кој секогаш е тука некаде да го направи овој свет подобро место за живеење.

Затоа продолжувамe, заради потребата да се доживее слободата, во една типично-поразлична, урбана контура. Заради креативниот потенцијал на секој од нас. Заради поместување на границите на конвенционалното.
БОШ фестивал, како интервенција во јавниот простор, веќе шеста година по ред, истиот постојано го ре-дефинира преку урбаните уметности, односно уметностите во урбан контекст… Во текот на трите фестивалски дена, на неколку локации низ градот, предвидени се бројни off-mainstream содржини од домашни и странски артисти, и тоа од областа на изведувачките и визуелни уметности, музика, литература, филм и видео арт, работилници и панел дискусии, а како посебен момент се издвојува т.н. БОШ Rechargeable, на гевгелиските „Сифулајски острови“.

Некои од учесниците за оваа година се: 3plusminus, Fighting Windmills, K.N.N.T., Автономен културно-социјален центар (АКСЦ), Колектив ‘Кула’, Перо Кованцалиев, Јана Јакимовска (Македонија), Mechanimal, Sugar Factory (Грција), Lenhart Tapes (Србија), Колектив Cosmic/Glitch (Словенија), Moku Teraoka (Јапонија) и други.

Сите настани се бесплатни, а генерален покровител на фестивалот е Општина Гевгелија“.

You May Also Like