Утре (понеделник, 17 септември, 2012 година) на платото пред МКЦ ќе се одржи концерт на канадскиот артист Dirty Beaches. Концертот е воедно и најава за престојното 37. издание на фестивалот МОТ. Концертот ќе започне во 21:00, а влезот е слободен.
Dirty Beaches е всушност Alex Zhang Hungtai, стациониран во Ванкувер, Канада.
Обично настапува сам или со придружба на уште еден музичар, но на оваа турнеја за прв пат настапува со уште двајца музичари на бина, како трио.
Неговиот музички израз е навистина тешко да се опише на веќе воспоставениот јазик на музичката критика. Неговата музика може да се стави во жанрот LO-FI, но специфичната атмосфера и кинематичност која таа ја носи во себе, натера многумина да го побараат описот во естетиката на филмската уметност како David Lynch, Jim Jarmush, Quentin Tarantino попрво, отколкуво било која епоха на историјата на популарната музика.
Во случај на дожд концертот ќе биде во МКЦ.