Денеска (вторник, 15 јули) во 20:00 часот во изложбениот салон на Центарот ќе се одржи концерт на ТРИО хармоники. Концертот е во рамките на Прилепското кутлурно лето. На програмата се Вивалди, Пјацола, Зубитски и др.
Триото хармоники е во состав Љупчо Колевски (Прилеп), Ѓорѓе Ќириќ (Скопје) и Трајче Гогов(Кавадарци). Активно е од 2008 година. На концертната сцена и има настапувано на различни манифестациии од различен карактер. Една од најновите активности беше музичката работилница организирана од МАНУ во Охрид, а за едно од најдобрите представувања се смета настапот на Трка за таленти на Македонската радио телевизија каде што и победуваат и го снимаат својот прв аудио запис како награда од МРТВ во француското студио.
Настапите од Триото се одвиваат во земјата, но и во странство, и ја представуваат Македонија преку концерти и натпревари од меѓународен карактер. Сите членови се во класата на проф. Зорица Каракутовска.