Квартетот „Giovacchino“ ги отвори Есенските музички свечености

На концертот настапија солистите: Шо Акаматсу – прва виолина, Алина Губајдулина – втора виолина, Павле Савиќ –виолончело и Илин – Диме Димовски – контрабас.

Синоќа (03 ноември 2014 година, понеделник) во Музејот на град Скопје, со „222 Rossini“ – концерт на гудачкиот квартет „Giovacchino“ од  Хрватска, беа отворени годинешните Есенски музички свечености.

На концертот настапија солистите: Шо Акаматсу – прва виолина, Алина Губајдулина – втора виолина, Павле Савиќ –виолончело и Илин – Диме Димовски – контрабас.

Во рамките на годинашнава програма на Есенски музички свечености, односно од 3 до 29 ноември  публиката ќе има  можност да ужива и во концертите на: ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“,Бојан Ивановски  на  гитара,Србија,  Даниел Маркез  на гитара, Бразил,  студентите на Факултетот за музичка уметност – Скопје, дувачки квинтет „АРТ“, квартетот „ЕОЛИНА“,Бугарија, Антонио Мостачи на  виолончело, Италија, „Македонски кларинет квинтет“, а на 29 ноември ќе заврши 19-то на ова музичка манифестација со  „Концерт во чест на Илија Зимбо“.

Организатор е Дирекција за култура и уметност – Скопје, а Есенските музички свечености традиционално, секоја година, се реализираат под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура на Република Македонија.

Сите љубетили на музиката ќе имаат можност бесплатно да уживаат во концертите.

 

You May Also Like