Концерт на пијанистот Филип Пеоски во Прилеп

Денеска (четврток, 8 ноември) во 19:30 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, концерт ќе одржи Филип Пеоски на пијано. Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Филип Пеоски е роден 30.09.1985 год. во Прилеп. Иако не потекнува од музичко семејство тој со пијаното првпат се запознава во Основно музичко училиште во Прилеп. Средно музичко образование завршува во Битола во класа на проф. Маја Стојановска и понатамошниот музички развој за него продолжуva во Скопје на Факултетот за Музичка уметност каде што дипломира во 2009 год а во 2011 се стекна со титула магистар.

Најголема заслуга за неговиот пијанистички развој има проф.Стела Слејанска во чија што класа е за време на неговите студии.Добитник е на бројни награди и признанија.

You May Also Like